Новак Ѓоковиќ кој од неодамна повторно е прв светски рекет, го доби признанието „повратник на годината“ во традиционалниот годишен избор на најдобрите што го прави АТП.
Во таборот на српскиот тенисер заврши и наградата за тренер на годината. Носител на ова признание е тренерот на Ѓоковиќ, Марјан Вајда.
„Српскиот тенисер обезбеди историско враќање на местото број 1 на крајот од сезоната и стана прв тенисер кој од Топ 20 стигнал на водечката позиција во иста сезона. Ѓоковиќ беше на 22.место во јуни по операцијата на лакотот на почетокот на годината. Се се смени кога дојде Вимблдон. Тој оствари серија од 31-2 освојувајќи ги пехарите во Лондон, на УС Опен и на Мастерс турнирите во Синсинати и во Шангај. Со победата во Синсинати, Ѓоковиќ оствари „златен мастерс“ во кариерата и стана прв тенисер што ги комплетирач сите девет мастерс титули“ – стои во образложението на АТП.
Повратникот на годината и најдобрите тенисери, АТП ги избира според гласовите на тенисерите. Додека пак тренерите го бираат најдобриот меѓусебе, а годинава тоа призание му припадна на Марјан Вајда кој успеа да го врати Ѓоковиќ на врвот на АТП листата.
„Вајда и неговиот долгогодишен ученик Новак Ѓоковиќ, по едногодишна пауза ја обновија соработката во април годинава на Мастерсот во Монте Карло. Педесетгодишниот Словак го водеше Ѓоковиќ до првото место на АТП листата и до гран-слем титули на Вимблдон и на УС Опен како и до мастерс титулите во Синсинати и во Шангај“ – стои во описот на наградата за Вајда.
2018 ATP World Tour Awards
Comeback Player of the Year:
Novak Djokovic
ATP World Tour No. 1 Doubles Team:
Oliver Marach & Mate Pavic
Most Improved Player of the Year:
Stefanos Tsitsipas
Newcomer of the Year:
Alex de Minaur
Stefan Edberg Sportsmanship Award:
Rafael Nadal
Arthur Ashe Humanitarian Award:
Tommy Robredo
ATP Coach of the Year:
Marian Vajda
ATPWorldTour.com Fans’ Favourite (Singles):
Roger Federer
ATPWorldTour.com Fans’ Favourite (Doubles):
Mike Bryan & Jack Sock
Ron Bookman Media Excellence Award:
Sue Barker
ATP World Tour Masters 1000 Tournament of the Year:
BNP Paribas Open (Indian WellsATP World Tour 500
Tournament of the Year:
Fever-Tree Championships (Queen’s Club)
ATP World Tour 250 Tournament of the Year:
Intrum Stockholm Open (Stockholm)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА