Новак Ѓоковиќ продолжува со победничката серија

Новак Ѓоковиќ го мина првото коло на турнирот од Мастерс 1000 серијата во Торонто откако во два сета славеше над босанскиот тенисер Мирза Башиќ.

Поранешниот број еден во светот, првиот сет го доби со 6:3, а во вотриот беше подобар со 7:6. Следен противник на Ѓоковиќ, во второто коло ќе биде канадскиот тенисер Петер Полански кој е 121 на АТП листата.

Башиќ беше “лаки лузер“ во Торонто и беше замена за повредениот Јужнокореец Хјеон Чунг.

Ѓоковиќ поради послабиот АТП ранкинг и неносителскиот статус мораше да почне од првото коло на „Роџерс купот“.

Се вчитува...