Новак Ѓоковиќ против Каспер Руд може да испише историја

Новак Ѓоковиќ денеска од 14 часот и 30 минути ќе има шанса да испише историја. Српскот тенисер игра во финалето на Ролан Гарос каде за противник го има Каспер Руд, а со победа ќе стигне до рекордната 23. грен слем титула.

Ѓоковиќ сега има 22 титули на најсилните тениски турнири со што е изедначен со Рафа Надал. Тој и Шпанецот имаат две повеќе од Роџер Федерер.

На страна на Србинот денеска ќе биде и историјата која вели дека нема пораз од Норвежанецот во четирите меѓусебни натпревари. Притоа Ѓоковиќ се уште нема загубено сет од сега 24-годишниот противник.

Се вчитува...