Новак Ѓоковиќ се откажа од настапот на Мастерсот во Рим

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да игра на овогодинешниот АТП Мастерс турнир во Рим.

Организаторите на овој турнир објавија дека Новак одлучил да не игра во италијанската престолнина во 2025 година.

„Се гледаме следната година, Ноле“ – напишаа организаторите на официјалниот Твитер-профил.

Ѓоковиќ играше во Рим досега 18 пати, го освои шестпати и играше во финалето исто толку пати. Тој не се прослави во претходната сезона, беше елиминиран во третото коло од Алехандро Табил.

Новак сè уште се обидува да го фати ритамот и формата оваа година, пред главниот настан на земјена подлога, Ролан Гарос.

Сезонава играше на Мастерс турнирите во Монте Карло и Мадрид, но загуби веднаш во првото коло.

Се вчитува...