Организаторите на првиот мастерс 1000 турнир на земјена подлога, а третиот во сезоната, ја информираа јавноста дека Новак Ѓоковиќ одлучил да не настапи.
Причините не се директно наведени, но пораката е „му ги испраќаме нашите најдобри желби и се надеваме дека наскоро ќе го видиме на теренот“.
Ѓоковиќ претрпе пораз во осминафиналето на Мастерсот во Индијан Велс од Џек Дрејпер, по што објави дека нема да учествува во Мајами.
Причината беше повреда на рамото, што очигледно не е наивно, бидејќи најдобриот тенисер на сите времиња нема да може да игра ниту на отворањето на сезоната на земјена подлога од 5. до 12. април.
Новак е двократен шампион во Монте Карло, од 2013 и 2015 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

