Новак Ѓоковиќ се врати со стил, лесно го реши Тим

Новак Ѓоковиќ имаше успешен камбек на терените, откако српскиот ас лесно се справи со Доминик Тим, совладувајќи го австрискиот тенисер со 6-1, 6-4 во рамките од ревијалниот турнир „Кујонг класик“ во Мелбурн.

Србинот делуваше импресивно, целосно оставајќи ги зад себе проблемите со повредата на лакотот, поради која шест месеци беше надвор од терените. Тој одигра извонредно во првиот сет, во кој направи само три неизнудени грешки и славеше со убедливи 6-1, за потоа да го добие и вториот со 6-4, за победничките камбек на терените.

Со ова, Ѓоковиќ покажа дека е максимално подготвен за наредниот предизвик, настапот на Австралија Опен од 15 до 28 јануари.

 

Се вчитува...