Новак Ѓоковиќ е на трибините на стадионот „Рајко Митиќ“ каде ја гледа Црвена звезда во Лигата на шампионите. Фудбалерите на Црвена звезда и Барселона го играат својот меч на стадионот „Рајко Митиќ“ во натпреварот од 4. коло во Лигата на шампионите.
Новак веќе извесно време е во Белград, каде во моментов се одржува Отвореното првенство на Белград во организација на неговиот брат Ѓорѓе. Слободното време го поминува во одмор и опоравување од повредата поради која реши да го пропушти завршниот турнир во Торино.
Слободната среда ја искористи за разговор со Жељко Обрадовиќ, тренер на кошаркарите на Партизан, наутро, а навечер дојде да ги гледа црвено-белите и Барса на „Маракана“. Во негово друштво е уште еден српски тенисер, Филип Крајиновиќ.
.@DjokerNole 📸
Novak Đoković u društvu Filipa Krajinovića gleda duel Crvene zvezde i Barselone.
Foto: Starsport pic.twitter.com/cCEIwC10YY
— B92 Sport (@b92sport) November 6, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА