Новак Ѓоковиќ специјален гостин на Ал Хилал, доби и посебен дрес (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ моментално се наоѓа во Ријад каде е една од главните ѕвезди на егизибицискиот турнир „Шест кралеви“.

Слободното време пред „Денот за историја“ и последната средба против големиот ривал Рафаел Надал го искористи за рекреација на фудбалскиот натпревар помеѓу Ал Хилал и Фејха на кој воедно беше и специјален гостин.

Пред натпреварот Ѓоковиќ се поздрави со едни од најдобрите фудбалери на овој тим, српските репрезентативци Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ па доби и дрес со бројот „24“ што асоцира на бројот на освоени грен-слемови.

Се вчитува...