Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ без борба се пласираше во полуфиналето на Вимблдон, откако неговиот денешен четвртфинален противник Алекс Де Минор поради повреда се повлече од грандслем турнирот.
По повредата која ја доби на мечот против Артур Фис, Де Минор денеска одлучи да не ги продолжи натпреварите на Вимблдон, откажувајќи го дуелот со Ѓоковиќ.
Очигледно Де Минор не можеше да го преброди проблемот со колкот, па сега Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Лоренц Музети и Тејлор Фриц.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА