„Новак не го сакаат сега, но за пет или десет години сите ќе кажуваат колку им недостига“

Новак Ѓоковиќ по сензационалната 2023 година не успеа да го најде својот ритам во 2024 година во која се уште нема настап во финале на еден турнир.

Поради тоа српскиот тенисер трпи критики од јавноста. Голем број на фанови веќе започнаа да се сомневаат во шампионскиот статус на Србинот, но еден од нив не е легендарниот американски тенисер, Џон Мекинро кој застана во негова одбрана.

„Отсекогаш ми се допаѓал. Не му е лесно на Новак, бидејќи го споредуваат со Федерер и со Надал, кои сите ги сакаат и тешко е да се справиш со тоа. Освен тоа, тој доаѓа од Србија и за некои, не е важно тоа. Има многу причини, има поинаков став од другите… Но, го искористи сето тоа како мотив да игра подобро и да победува повеќе, што е негов најголем квалитет. Не знам како му успева. Новак можеби не им се допаѓа сега, но за пет или за десет години, сите ќе го сакаат и ќе кажуваат колку им недостига. Барем може да се радува за тоа“, изјави Џон Мекинро.

Се вчитува...