Новак објасни за караницата со судијата: „Не го пцуев…“

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во еден момент на полуфиналето меч со Лоренцо Мусети на ЛОИ 2024 имаше и караница со главниот судија.

Шпанскиот судија го опомена, по што Ѓоковиќ пријде до столицата да се објаснува. По мечот, Новак објасни што се случувало…

„Да не се занимаваме со тоа дали е наместо или не е, не го пцуев… Тој, пак, мислеше дека сум го пцуел па ми даде опомена и в ред. Нешто ми простуваше, ама тоа се правилата. Дали се идеални, не се. Не знам зошто толку брзање со сервисите, а и меѓу гемовите. Некои судии повеќе толерираат, не сум единствен кој прекорачува“ – истакна Новак Ѓоковиќ на прес-конференцијата по полуфиналето во Париз.

Ѓоковиќ утре (недела, 14 часот) го игра финалето на ЛОИ 2024 против Шпанецот Карлос Алкараз.

Се вчитува...