Новак, по само еден турнир, завршува со Мареј: „И двајцата сме разочарани, ќе му кажам се што мислам…“

Првиот грандслем турнир во сезоната, Австралија Опен, беше и првиот турнир на кој поранешниот британски тенисер Енди Мареј се појави во улога на тренер на Новак Ѓоковиќ. А, веќе и тоа како сериозно, може да биде и последен.

Ѓоковиќ веднаш по полуфиналниот меч кој го предаде против Александар Зверев, истакна дека во овој момент ништо не е сигурно.

„Не знам. И двајцата сме разочарани од она што се случи. Сè уште не сме разговарале за нашата иднина. Сè уште сме под впечатоци на овој денешен ден. Дефинитивно ќе разговараме. Благодарен сум му што е тука со мене, ќе му кажам што мислам, што е, се разбира, позитивно. Ќе видиме како ќе се чувствува и ќе ја донесеме следната одлука. И двајцата сме разочарани и лути во моментов, па тешко е веднаш да почнеме да зборуваме за следните чекори. Мислам дека и двајцата треба малку да се оладиме, а потоа ќе видиме“ – рече Ѓоковиќ.

Мареј и официјално е тренер на Новак Ѓоковиќ од крајот на ноември минатата година, но тие дури неодамна почнаа да работат заедно.

Се вчитува...