Новак Ѓоковиќ доживеа дебакл во полуфиналето на Вимблдон, доживувајќи пораз од Јаник Синер со 3-6, 3-6 и 4-6 по помалку од два часа игра.
Сето тоа беше изразено со очигледна силна нервоза кај Ѓоковиќ. Во третиот сет, кога имаше предност од 3-0 во гемови и брејк-поинт за 4-0, но не го искористи, а потоа Синер дојде до комплетен пресврт, Новак збесна кон својот тренерски тим.
Откако седна на стол се налути на својот бокс, веројатно и поради некои коментари што дојдоа од таму.
„Гледајте и молчете! Не кажувајте ни збор. Само гледајте!“ – грмеше Ѓоковиќ од своето место.
— OvoOno (@OvoOnoX) July 11, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

