Новак секогаш навива за екс-ју земјите: „Па, што е проблемот, жал ми е што на Балканот сме толку поделени меѓу себе“

Најдобриот светски тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, наиде на критики од поддржувачите на Александар Вучиќ во Србија, затоа што бил во Зеница и навивал за БиХ, во финалето од плејофот за пласман на СП 2026 во фудбал, во кое БиХ ја победи Италија.

Сите тие критики беа зачудувачки и за таткото на Новак, Срѓан Ѓоковиќ, кој ќе рече на таа тема…

„Што е проблемот што тој навива за земјите од регонот, па и за Хрватска? Па, тие се наши соседи. Тоа се негови пријатели… А, навредите кои ги добива од тука, тоа е само домашно воспитување. Затоа е нашето општество уништено, затоа што тие ни го уништија семејството, а без успешно семејство нема успешно општество“ – вели таткото на Новак, и дополни:

„Хрватска е прв сосед на Србија, како што се БиХ и Македонија. Треба да си помагаме едни на други и да се обидуваме да живееме подобро. Многу ми е жал што сме толку поделени и често работиме против себе“.

Се вчитува...