Новак Ѓоковиќ доби повик да ги „засука ракавите“ и да прими вакцина како би можел да настапи на АТП мастерсот во Монтреал.
Одлуката да не се вакцинира му направи многу проблеми сезонава на Ѓоковиќ. Тој не настапи на Австралија опен како и на Индијан Велс и Мајами, а поради тоа што не е вакциниран мали се шансите да настапи на турнирите во Канада и САД, меѓу кои е УС опен.
„Ситуацијата е јасна. Или Канада ќе го промени правилото во врска со вакцинацијата или тој ќе мора да ги „засука ракавите“ и да прими вакцина. Ниту едно од овие сценарија не ми личи дека ќе се оствари“, изјави директорот на турнирот во Монтреал, Ежен Лапије.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

