Новата година во Премиер-лигата почна со промашен пенал на Салах

Првиот меч во Премиер-лигатаво 2024 година се игра вечерва на „Енфилд Роуд“ меѓу Ливерпул и Њукасл, а во главна улога по првите 45 минути е гостинскиот голман Дубравка.

Токму тој е најзаслужниот што на одмор се замина со израмнети 0-0, откако кон средината на првото полувреме го запре пеналот на Мохамед Салах, откако Луис Дијаз беше фаулиран во противничкиот шеснаесетник.

Домашните фанови беа во исчекување на јубилениот 150. гол на Салах во Премиер-лигата во дресот на Ливерпул, но останаа во шок откако Дубравка сочека и умешно го запре ударот од единаесет метри на најдобриот фудбалер на „црвените“.

Промашениот пенал на Салах можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...