Новата белградска кошаркарска арена што би требало да биде завршена во текот на оваа календарска година ќе го носи името на легендарниот тренер Душан Дуда Ивковиќ.
Во оваа арена ќе настапува екипата на Раднички Белград, чиј тренер Марко Болтиќ ги потврди најавите за иницијативата на Раднички во чест на легендарниот кошаркарски стратег.
„Уште додека бев играч овде, Дуда знаеше да се појави на тренинг, да поразговара со тренерот, со некои играчи и да даде вистински совет. Секогаш кога беше во градот тој беше присутен во клубот, тој е кошаркарска големина со аманет за клубот, најмалку што можеме е новата сала да ја именуваме по него“, изјави Болтиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА