Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска во 18 часот го игра вториот меч од претквалификациите за СП 2027, на мегдан против селекцијата на Унгарија.
Изненадувачки е изгледот на табелата по првите две рунди откако Романија има максимални две победи, а Македонија и Унгарија во денешниот дуел влегуваат со идентични 0-1, што го прави уште позначаен денешниот меч како директна пресметка за второто место во групата кое води во следните квалификации.
Унгарците барем на хартија важат за фаворити, но станува збор за селекција што слично како и нашата имаше значителни промени во играчкиот кадар во последните години. Тоа дава надеж дека Македонија ќе може да одигра квалитетно и доколку се укаже можност да го изненади домаќинот. Сепак, за тоа да се случи ќе мора да се поправат грешките од првит дуел со Романија, пред се околу загубените топки и поправање на скок-играта со која им дозволивме премногу поени од втора шанса на противниците.
„Против Унгарија, треба да се држиме до планот, да играме агресивно во одбраната. И најбитно, да заградуваме под кошевите, бидејќи тоа беше најголемиот минус, зошто го загубивме натпреварот против Ромнија. Секако дека очекувам победа, бидејќи верувам дека можеме повеќе да дадеме. И мислам дека од тренинг во тренинг растеме како екипа бидејќи сме нова, млада екипа, така што очекувам се подобри и подобри резултати понатаму“ – истакнува Андреј Митревски во пресрет на денешниот меч.
Селекторот Марјан Илиевски одлучи да не прави промени во ростерот, па на денешниот меч во Унгарија ќе смета на истите дванаесетмина кои беа во ростерот и на премиерата во Куманово против селекцијата на Романија.
Боите на Македонија на денешниот натпревар ќе ги бранат: Андреј Магдевски (капитен на тимот во овој претквалификациски циклус, Виктор Ташовски, Лука Стојановски, Валмир Какруки, Адем Мекиќ, Андреј Митревски, Амар Хот, Теодор Симиќ, Лука Савиќевиќ, Максим Митевски, Џејкоб Вајли и Тома Стојаноски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

