„Новата Македонија“ пред првиот предизвик – Романија

Македонската кошаркарска репрезетнација денеска започнува нов лист во своето постоење со настапот во претквалификациите за Светското првенство кои носат бројни промени од стручниот штаб па се до драстичното подмладување во ростерот.

„Новата Македонија“ за прв противник ќе ја има Романија во натпревар кој ќе биде одигран во Куманово со почеток до 20 часот и тоа во преполна сала откако сите билети за натпреварот беа експресно распродадени.

Најискусниот кошаркар на Македонија во овие претквалификации ќе биде Џејкоб Вајли, натурализираниот Македонец кој со успех го носеше националниот дрес во минатото. Дуелот со Романците воедно ќе го означи и камбекот на 30-годишникот откако во претходните циклуси се сметаше на Ти-Џеј Шортс и Итан Хап.

Освен Вајли, новиот капитен Магдевски и Мекиќ кои зад себе имаат богато репрезентативно искуство, остантиот дел од составот допрва треба да го стекнува. Дел од новите кошаркари во националниот дрес се е дебитанти, но ветуваат битка до последната минута, глад и жед за успех што ќе биде и повеќе од потребно.

Натпреварот против Романија ќе биде само прв од четирите во овој циклус по кој две од три репрезентации ќе се пласираат во квалификациите.

Се вчитува...