„Новата Македонија“ со „нови деца“, но се враќа и Самарџиски?

Селекторот Александар Тодоров најави подмладување на националниот тим во наредниот период, но многу лесно може да се случи репрезентативниот дрес повторно да го облече Предраг Самарџиски. Центарот кој подолго време е надвор од националнио тим би бил од огромна помош во ситуација кога оваа позиција е „најтенка“ во репрезентацијата, па веќе се почнати разговори за негов камбек.

„Зборувавме со многу кошаркари, им ја пренесовме нашата визија за репрезентацијата во наредниот период. Зборувавме и со Предраг Самарџиски, веруваме дека би било одлично тој повторно да го облече репрезентативниот дрес. Се уште немаме добиено конкретен одговор од него“ – изјави директорот Тодор Гечевски.

Селекторот Тодоров уште еднаш ја потенцираше неопходноста на подмладувањето.

„Секогаш кога се доаѓа до ваков момент постои страв, така беше и кога Петар Наумоски се приближуваше до репрезентативна пензија, така беше и кога Антиќ, Гечевски и останатите му кажаа збогум на националниот тим. Реалноста е таа, ако се биде во ред јас ќе останам селектор до 2025 година, а близнаците Војдан и Дамјан Стојановски тогаш ќе имаат по 38 години. Овие деца, кои играа добро за младите селекции, мора да добијат шанса на сениорски план, а потоа ќе видиме како ќе ја искористат. Не бегаме од резултатскиот притисок и желбата за пласман на Евробаскет 2021, но тоа тоа ќе го сториме паралелно со подмладувањето“ – дециден е Тодоров.

Се вчитува...