По завршувањето на квалификацискиот циклус за ЕП 2023, Драган Канатларовски од денеска почнува со изградба на новата млада селекција која низ нови квалификации ќе се бори за ЕП 2025.
Со првиот пријателски натпревар денеска против БиХ од 17 часот на стадионот на Македонија ЃП во Ѓорче Петров стартува креацијата на новиот состав на македонските надежи.
„Имаме нова генерација на млади фудбалери која поседува квалитет, почнуваме да ја подготвуваме за следниот квалификациски циклус што почнува во март. Треба да извлечеме голема поука од претходниот циклус. Да корегираме се што беше негативно, а позитивните работи да ги прифатиме и да продолжиме со напорната работа. Се надевам дека новата генерација ќе има поголем успех од претходната, повеќето фудбалери ги имаат поминати сите млади селекции на Македонија, се познаваат, што е добар знак пред почетокот на квалификацискиот циклус. Од старт почнуваме заедно, се надевам дека ќе имаме успешни квалификации” – вели Канатларовски.
Вториот тест дуел на Македонија против БиХ е закажан за в недела (12. јуни) на тренинг центарот „Петар Милошевски“ исто така од 17 часот.
СПИСОКОТ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ДВАТА ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ СО БИХ:
Голмани: Марко Алчевски (Борец), Иван Николовски (Беласица), Стефан Митрев (Академија Пандев),
Одбрана: Антонио Јанкуловски (Вастра Фролунда, Шведска), Анатолиј Петејчук (Победа), Аган Мјаки (Гронинген, Холандија), Мартин Величковиќ Радуловиќ (Слован Братислава, Словачка), Виктор Крстевски (Гостивар), Андреј Стојчевски (Жилина), Имран Фетаи (Гостивар), Кристијан Тасевски (Аугзбург, Германија), Стефан Деспотовски;
Среден ред: Алекс Златков (Триглав Крањ), Димитар Тодоровски (Работнички), Иван Николов (Вардар), Александар Коцев (Брегалница), Лука Станковски (Газиантеп), Берат Калкан (Касимпаша, Турција), Бехар Фета (Воска), Данаил Тасев (Тиквеш), Дашмир Елези (Шкендија);
Напад: Луан Абази (Вил, Швајцарија), Арда Окан Куртулан (Фенербахче, Турција), Методи Максимов (Работнички), Марио Илиевски (Септември, Бугарија).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА