Opel го покажа првиот поглед на новата Insignia. Новото издание на предводникот на германскиот бренд премиерно ќе се претстави на Саемот за автомобили во Брисел од 10-19 јануари 2020 година и ќе им понуди на купувачите поостар изглед, како и подобрено ноќно гледање. Благодарение на освежениот дизајн, врвниот модел на Opel има уште помоќно покажување на патот. Екстремно тенките фарови со пионерска LED технологија даваат голем придонес. Новиот адаптивен IntelliLux LED® Pixel Light сега има 84 LED елементи на предните светла. Предните светла реагираат побрзо, со поголема прецизност од кога било досега, обезбедувајќи оптимален вид на возачи на Insignia без отсјај за сообраќајот што надоаѓа или веќе завршува. Со новата генерација на IntelliLux LED® Pixel Light, предводникот на Opel е единствен во својот сегмент од пазарот.
Новото издание на Insignia е преполно со напредни технологии. Grand Sport лимузината и Sport Tourer караванската изведба нудат за прв пат дигитална камера со заден приказ.Во комбинација со радарски сигнал заснован на вкрстениот сообраќај, кој предупредува на приближување на сообраќајот од страната, системот дополнително ја зголемува безбедноста. Портфолиото е комплетирано со бројни докажани системи за помош, како што е предупредување за судир напред, со автоматско сопирање при итни случаи и откривање на пешаци и хед-ап дисплеј. Возачите и патниците на Insignia се добро поврзани со понудата на одлични системи за инфозабава на екран во боја осетливи на допир. Списокот на опции вклучува е-повик и безжично полнење за компатибилни паметни телефони во централната конзола.
Новата Opel Insignia ќе биде уште поефикасен од порано, благодарение на инженерството со лесни материјали и на сите нови високоефикасни бензински и дизелски мотори. Со своето воведување во 2009 година, првата генерација беше избрана за „Европски автомобил на годината“. Во последните десет години, речиси 1,2 милиони возила од двете генерации на Insignia излегоа од производната линија на Opel во Риселхајм.
Прецизна следна генерација на IntelliLux LED®: 168 LED елементи
Новата Opel Insignia ќе биде опремена исклучиво со целосно LED светлосни системи. Од високо енергетски ефикасни LED предни светла до новите прилагодливи IntelliLux LED® Pixel Light, кои се карактеризираат како водечки во индустријата со вкупно 168 LED елементи, наместо претходните 32 елементи.
„Со IntelliLux LED® Pixel Light, ние направиме уште еден голем чекор напред“, објасни Кристијан Милер, директор на инженерство. „Затоа, возењето во текот на ноќта е порелаксирано и побезбедно. Новите фарови реагираат побрзо, незабележливо и со поголема прецизност. Интелигентниот систем постојано го прилагодува светлосниот зрак, патот напред секогаш е идеално осветлен. Резултатот е оптимален вид во секоја ситуација, без силен отсјај за другите корисници на патиштата“.
Главниот зрак се прилагодува непречено во милисекунди од страна на две контролни единици – едната поврзана со предната камера, а другата е во фарот. Големиот број на LED елементи кои континуирано реагираат резултира со непречена адаптација на светлосниот зрак. Осветлената област е поголема од порано.
Опсегот и правецот на светлината се разликуваат во зависност од ситуацијата на возењето и околината. Функциите на светлината се движат од свиок и лошо време, до град, селски патишта и автопат, како и оптимизирана светлина за паркирање. Особено Opel дополнително ја подобри светлината за на автопат на најновиот IntelliLux LED®. Во лево вртење, светлосниот зрак достигнува подалеку од лево, така што возачот полесно може да ги види знаците на патот. Кога се вртите десно во режимот автопат, светлосниот зрак сјае подалеку надесно, со цел да се избегне отсјај за сообраќајот пред вас.
Силата на новиот систем IntelliLux LED® Pixel Light е значително зголемена. Овие 84 LED елементи се распоредени во три реда во секоја ултра-тенка предна светлина, заедно со модулот на светло на свиок и модулот за спуштање на светло, како и карактеристичната LED светилка за дневна светлина под неа.
Храбар, чист, елегантен: атрактивен и нов преден и заден дизајн
„Новата Insignia продолжува да се гради врз нашето смело и чисто дизајнерско извршување“, вели Марк Адамс потпретседателот за дизајн на Opel.
„Новиот преден крај го нагласува елегантниот и спортскиот карактер на Insignia со тоа што сразмерно прави сè да се чувствува пониско, пошироко со јасно германско внимание на деталите“.
Новата решетка на радијаторот со хром е поширока и има истакнати линии; логото на Opel во средината на хром-лентата се чини дека е поголемо. Самата хромирана лента се протега десно и лево на LED светилките за дневно светло, кои сега се наоѓаат на дното, наместо на горниот дел на секоја предна светилка. Појавата на Insignia сега изгледа пониско и пошироко, исто така благодарение на влезните отвори за воздух со интегрирани светла за магла.
Задниот дел на Insignia Grand Sport and Sports Tourer е исто така дефиниран со јасни линии. Како што е веќе каравснаката верзија валентната плоча на лимузината „Гранд Спорт“ ќе има и два засека наместо тркалезни дупки за издувните цевки.
Тесните, хоризонтални линии на дизајнот продолжуваат во внатрешноста. Точно поставените хромирани акценти го потенцираат стилскиот амбиент.
Целосна понуда: нова задна камера, предупредување за заден вкрстен сообраќај и уште повеќе
Типично за предводник, Opel Insignia ќе има целосна понуда на системи за помош и инфозабава. Новата дигитална камера на задниот дел го подобрува набљудувањето наназад. Безбедноста при враќање надвор од местата за паркирање може дополнително да се зголеми со опционалното предупредување за заден сообраќај. Системот користи радари со сензори за да открие предмети од 90 степени лево и десно зад Insignia, на оддалеченост до 20 метри. Возачот е предупреден преку дисплејот и акустичните сигнали. Дополнителни системи за помош вклучуваат:
- Предупредување за судир напред, со автоматско сопирање при итни случаи и откривање на пешаци
- Држење на лентата при движење на пат
- Предупредување за слепа точка
- Прилагодлива контрола на возење со итно сопирање
- Препознавање сообраќаен знак
- Напредна помош при паркирање
- Хед-ап дисплеј, задржувајќи ги очите на возачот на патот.
Портфолиото на инфозабавни системи компатибилни со Apple CarPlay и Android Auto ќе се прошири, од Multimedia Radio и Multimedia Navi до Multimedia Navi Pro. Со информации за сообраќај во реално време, ажурирања преку Интернет мапа и предвидлива навигација, патувањата се порелаксирани.
Новите симболи му даваат на екранот за навигација посвежо, помодерно појавување. Истото важи и за инструментите. Кога е инсталиран е-повик, автоматски се испраќа итен повик ако се активираат затегнувачите на безбедносните ремени или воздушните перничиња. Алтернативно, помошта може активно да се повика во секунди со едноставно притискање на црвеното копче.
Новиот Insignia ќе понуди голема удобност. Ергономски сертифицирани AGR седишта се опционално достапни за возачот и совозачот. Компатибилните паметни телефони можат да се наполнат безжично. Задната врата на Sports Tourer може да се отвори и затвори автоматски со движење на стапалото под сензорите во задниот браник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА