Новата ракометна сезона во Супер-лигата ќе стартува в четврток, а ќе бидат одиграни пет од предвидените шест натпревари. Скопскиот дуел меѓу Металург и Пролет е одложен бидејќи десет гостински ракометари се во самоизолација по враќањето од Гранаолјерс и истиот најверојатно ќе биде одигран наредната среда.
Прв меч од новата сезона според делегирањето што денеска беше објавено од Комесарот за натпреварување, Славе Николов, ќе биде битолското дерби меѓу првиот и вториот тим на Еурофарм Пелистер, дуел закажан за 17 часот.
Вардар одбраната на титулата ќе ја почне со домашен меч против новиот суперлигаш Скопје во 18 часот, а триесет минути подоцна ќе почнат натпреварите Радовиш – Струга и Охрид – Тиквеш. Последен меч на програмата в четврток ќе биде дуелот меѓу Бутел и Прилеп, закажан за 19 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА