Новата сезона од Ф1 почнува на 5. јули со трката за ГН на Австрија?

Новата сезона од Формула 1 требаше да почне минатиот месец со трката за Големата награда на Австралија, но очекувано стартот е одложен поради пандемијата на коронавирусот.

Но, деновиве веќе се зборува за одлука околу стартот на сезоната со оглед на фактот дека пандемијата полека се смирува во Европа, па има простор за разговор и на оваа тема. Според последните најави новата сезона во Формула 1 би требало да почне на 5. јули со трката за Големата награда на Австрија. Би-би-си пренесува дека трката ќе се вози без присуство на публика, а пред тоа сите возачи и членови на екипите ќе бидат детално тестирани.

По трката во Австрија планот е да се одржат две трки во Велика Британија, на легендарната патека – Силверстоун. Девет трки во 2020 година се откажани поради што челниците на Ф1 разгледуваат опција повеќе трки да се возат на една патека.

Во Ф1 се надеваат дека оваа сезона ќе успеат да „извлечат“ барем 15 трки што би ги задоволило љубителите на брзините.

Се вчитува...