Новиот шпански селектор Де Ла Фуенте, со победа ја стартуваше својата мисија во „фуријата“. Вечерва во Малага, Шпанците со речиси сосема поинаков состав од Мундијалот во Катар ја совладаа селекцијата на Норвешка со 3-0. Норвежаните беа немоќни без својот најдобар стрелец Ерлинг Халанд кој во последен момент отпадна поради повреда.
Олмо во 13. минута донесе предност, а во финишот за две минути два гола на Хоселу во 85. и 86. минута за убедлив триумф во стартот на квалификациите.
Хрватска со голот на Андреј Крамариќ во 28. минута имаше предност во дуелот со Велс во Сплит. Хрватите речиси во целиот тек на средбата имаа контрола на играта, а убава шанса за 2-0 пропушти Ковачиќ во вториот дел кога шутираше над голот од 5-6 метри. Во финишот и Перишиќ пропушти прилика, со удар од далечина ја погоди само пречката. Сето тоа го казни Велс кој преку Бродхед стигна до израмнување во 93. минута.
Селекцијата на Романија очекувано лесно со 0-2 ја совлада Андора во Ла Вела со головите на Ман и Алибек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА