Натпреварувачката сезона во машката ракометна Супер лига ќе стартува на 16 септември, беше одлучено на годишната конференција на клубови. Системот на натпреварување останува ист со десет екипи кои ќе одиграат вкупно 18 кола во регуларниот дел од сезоната. А, потоа во разигрувањето за титулата, на четирите најдобри екипи од првиот дел им се приклучуваат Вардар и Металург. Другите шест екипи ќе настапат во плеј-аутот за опстанок во лигата.
Извлечени беа и двојките за првото коло, па така Младост на стартот од сезоната во Богданци ќе го пречека Работник, Охрид ќе биде домаќин на Вардар јуниор, Пелистер ќе гостува во Радовиш, Металург 2 ќе ги одмери силите со Прилеп, додека Пролет на домашен терен ќе се сретне со Борец.
Есенскиот дел од Супер лигата треба да заврши на 16/17 декември.
На средината на септември ќе стартуваат новата сезона и во Супер лигата во женска конкуренција, но деталите ќе бидат дефинирани пред стартот на сезоната, бидејќи се уште не е затворена листата на учесници. Според актуелната состојба, во Лигата досега настапуваа осум екипи и доколку остане истата бројка, останува и ланскиот систем со тоа што шампионот Вардар за разлика од лани кога се приклучи во завршницата, од следната сезона ќе мора да игра и во регуларниот дел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА