Тијс ван Леувен е име за кое до денеска нема слушнато речиси никој во ракометниот свет, но токму овој 33-годишник е најзаслужниот што Холандија ја запре серијата од три победи на Црна Гора на овој европски шампионат.
Ван Леувен воопшто не беше дел од плановите на холандскиот селектор, но проблемите со коронавирус на четирите голмани избрани пред него беа причина за повик до овој чувар на мрежата, кој е роден во Џедах, Саудиска Арабија, е член на белгискиот прволигаш Спортинг Пелт.
Тој се наоѓаше на зимски одмор кога го доби повикот од селекторот, дури вчера пристигна во тимскиот хотел во Будимпешта, но тоа не му пречеше да блесне на голот на националниот тим. Ван Леувен влезе при негатива на Холандија од 6-10, а се останато е добро познато, нанижа тринаесет интервенции и ги запре залeтаните Црногорци.
🔥 Avec un Thijs van Leeuwen époustouflant dans les 🥅, les Pays Bas 🇳🇱 se relancent dans le tour principal en s’imposant sur le Monténégro 🇲🇪 🔥
🎥 @EHFEURO pic.twitter.com/5DX7gxxMdT— HandNews (@HandNewsfr) January 22, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА