Новото засилување на францускиот Пари Сен Жермен, Ашраф Хакими е позитивен на коронавирус. Тој е во добра состојба, но последните тестирања пред пријателскиот меч со Шамбли покажале дека Мароканецот е позитивен на Ковид-19.
Хакими веднаш е изолиран од остатокот од тимот, а ниту еден друг тест направен врз фудбалерите на Пари Сен Жермен не покажал позитивни резултати. Хакими летово стигна на „Паркот на Принцовите“ од Интер за сума од 60 милиони евра, откако беше еден од главните виновници за освојувањето на титулата на „нероаѕурите“ минатата сезона во италијанската Серија А.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА