Второлигашот Новаци 2005 доби забрана за одигрување четири натпревар на свој терен и парична казна од 500 евра за инцидентот на дуелот против Вардар Неготино во рамките на 19. коло од Втората македонска фудбалска лига.
Новаци ќе мора да игра четири меча на друг стадион, најмалку 100 километри оддалечен од Новаци, поради физичкиот напад врз спортскиот директор на Вардар Неготино, Горан Гогов. А, комесарот за безбедност на ФК Новаци 2005, Борче Јовановски доби забрана за вршење на било каква функција во фудбалот во траење од два месеци.
Од останатите одлуки на Дисциплинската комисија на ФФМ, и ФК Вардар доби казна поради слаба организација (користење на пиротехнички средства) и недолично однесување на своите навивачи на натпреварот одигран во рамки на 20. коло во Прва МФЛ помеѓу ФК Вардар – ФК Шкендија со парична казна во износ од 1000 евра.
Поради инцидент на дуелот со Еуромилк во рамките на 17. коло од ВМФЛ, парична казна за слаба организација доби и кичевски Велазерими во висина од 250 евра. Комесарот за безбедност на Велазерими, Ариф Алими, пак, доби забрана за вршење на функцијата во времетраење од четири месеци.
ФК Тетекс доби парична казна поради слаба организација на натпреварот ФК Тететкс – ФК Тиквеш одигран во рамки на 17. коло во Втора МФЛ во износ од 450 евра, додека ФК Еуромилк заработи парична казна во износ од 250 евра за слаба организација на натпреварот ФК Еуромилк – ФК Тиквеш во рамки на 19. коло во Втора МФЛ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА