Новаци не се откажува од Прва лига, „демолиран“ Еуромилк ГЛ

Екипата на Новаци не планира лесно откажување од трката за директен пласман во Првата лига следната сезона, славејќи во 23. коло од Втората македонска фудбалска лига убедливо против Еуромилк ГЛ со 4-0.

Во натпреварот кој се играше во Кичево, поради суспензијата на теренот во Новаци, домашните поведоа со голот на Благојче Марковски од пенал во 3. минута. Во 7. минута вече беше 2-0 со голот на Благоја Наумоски, а Илче Талевски донесе 3-0 во 34. минута. Конечните 4-0 беа поставени со вториот гол на Наумоски во 90. минута.

На вториот денешен натпревар, Металург и Вардар Неготино одиграа 1-1 на „Железарница“. Поведоа гостите преку Тони Магловски во 17. минута, а Металург израмни со голот на Теодор Фидановски во 70. минута.

РЕЗУЛТАТИ – 23. КОЛО

Академија Пандев – Тетекс 3-2

Велазерими – Тиквеш 3-0

Скопје – Хоризонт Т. 2-1

Металург – Вардар Неготино 1-1

Новаци – Еуромилк ГЛ 4-0

ТАБЕЛА: Академија Пандев 56 бода, Скопје 44, Новаци 39, Еуромилк ГЛ 34, Хоризонт Т. 33, Велазаерими 28, Металург 26, Вардар Неготино 21, Тиквеш 19, Тетекс 18 бода.

Се вчитува...