Раководителот на скаутинг службата при Фудбалската федерација на Македонија, Николче Новески зедно со членот на скаутинг секторот, Владимир Томовски деновиве учествуваа на еден од најпознатите Скаутинг семинари во фудбалот – „Таленд ИД“, кој во организација на УЕФА, како и на Норвешката фудбалска асоцијација, се одржа во Осло, Норвешка.
За првпат, со доаѓањето на новото раководство на ФФМ, е формирана скаутинг-службата во Македонија која првпат учествува и на еден ваков престижен семинар.
Според информациите од Норвешка, Новески и Томовски реализирале исклучително успешни презентации во делот на идентификацијаа на таленти како и практично функционирање на скаутската проценка. Семинарот е и тоа како добар поттик за понатамошен развој на овој сегмент од функционирањето на федерацијата, како значаен дел за поддршка на идното квалитативно надоградување на младите национални тимови.
Овој семинар не случајно се одржа во Норвешка, државата која има голем прогрес во фудбалот, со продукцијата на голем број познати фудбалери, но и преку Бодо/ Глимт и неговиот тренер Кнутсен кој исклучително го афирмираше изминатиов период и норвешкиот клупски фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

