Tрет ден продолжуваат препукувањата меѓу раководството на Фудбалската федерација на Македонија и поранешниот селектор Игор Ангеловски.
Популарниот Мрме денеска имаше нова објава на социјалните мрежи во која директно го нападна претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.
Со свој став се обрати и Николче Новески кој во моментов е дел од федерацијата велејќи дека ова не е момент за поделба.
„Мислам дека е времe за нови лица и создавање на нови стручни кадри во фудбалот. Секој треба да добие шанса, а времето ке покаже дали е оправдана довербата. Македонскиот фудбал и репрезентацијата не смеат да бидат заложници на поединец, особено не на човек кај кого личната суета и карактерот излегуваат во преден план. Во ваков момент ни треба целосна поддршка за репрезентацијата, ангажираност и сплотеност од сите што и мислат добро, а не обиди за самопромоција и поделби. Репрезентацијата е над секое име и над секој поединечен интерес. Лични битки и фрустрации не ѝ носат ништо добро на Македонија”, истакна Николче Новески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

