Новески во друштво на Новицки, Хакинен, Клосе…, собраа 100.000 евра за хуманитарни цели (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Едно од најголемите имиња на македонскиот фудбал, Николче Новески беше дел од спектаклот „Шампионите во име на хуманоста“ во организација на фондацијата на Дирк Новицки кој се одржа на „Опел арената“ во Мајнц.

Новески, како еден од најзвучните фудбалери во историјата на Мајнц и негов долгогодишен капитен, доби чест да биде во друштво на комплетниот спортски џет-сет од Германија во хуманитарен натпревар во чест на Михаел Шумахер, а под организација на Дирк Новицки.

noveski na humanitaren natprevar

novicki

Поранешниот македонски репрезентативец се најде во друштво на Мик Шумахер, Мирослав Клосе, Мика Хакинен, Бернд Лено, Свен Ханавалд, Тимо Хилдербранд, Паскал Хенс, Симон Ролфес, Стефан Кречмар, Дејвид Култхард, Патрик Омовојела, Јан Хенрик Јагла, Жералд Асамоах, Кристијан Шварцер…

klose

hakinen

Новески играше во тимот на „Мик Шумахер и пријателите“ кој славеше против тимот на „Новицки Олстарс“ со 7-6 (4-4)…

noveski so novicki

Сепак, резултатот беше во втор план, а многу поважно е што пред 16.175 гледачи на „Опел арената“, фондацијата на Дирк Новицки заедно со семејството на Михаел Шумахер собраа околу 100.000 евра кои ќе бидат искористени за хуманитарни цели.

Се вчитува...