Нови апсења во Шпанија поради расизам врз Винисиус

Шпанската полиција приведе четворица навивачи на Атлетико Мадрид, на возраст од 24 до 26 години, поради ширење омраза и навреда на играчот на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор.

Во пресрет на градското дерби одиграно на 29 септември, гореспоменатите навивачи на социјалните мрежи започнаа кампања „Метрополитано со маска“, чија цел беше бразилскиот фудбалер на Реал Мадрид.

Челниците на Ла Лига биле свесни за кампањата и ширењето омраза, реагирале, случајот го пријавиле во полиција, а истрагата довела до споменатиот квартет навивачи, кои се осомничени дека се организатори на кампањата на омраза против Винисиус. .

Истрагата започна непосредно пред градското дерби, по низата навредливи пораки на социјалната мрежа „Х“. Навредите напишани во тие пораки имале расистичка конотација.

Полицијата во Мадрид не ја исклучи можноста за нови апсења поради истата причина поради која ги приведе споменатите четворица – тие се товарат за кривично дело поттикнување омраза.

Самото дерби Атлетико-Реал не помина без инциденти, накратко беше прекинато во вториот дел бидејќи навивачите на домашниот тим фрлаа тврди предмети кон Тибо Куртоа. Затоа таа трибина е затворена за натпреварот против Леганес.

Се вчитува...