Охридска банка АД Скопје го збогатува своето портфолио на производи наменети за правни лица, воведувајќи нов производ „Б2Б“ Пакет составен од повеќе производи за еден надомест.
Со својот труд постојано насочен кон креирање на поквалитетни услуги за бизнис секторот во земјата, Охридска банка АД Скопје создаде два типа на „Б2Б“ Пакети за правни лица кои се скроени со различна комбинација на производи, со цел да им се даде можност на копманиите да го изберат пакетот кој најмногу одговара на начинот на работа на нивната компанија.
Па така, Смарт бизнис пакетот, важи за основен пакет кој нуди одржување на трансакциска сметка, користење дебитна картичка Visa Business, OBSGNet – електронско банкарство, како и можност за СМС известувања за еден месечен надомест чиј износ е до 40% помал во однос на поединечното користење на сите овие производи.
Супериор бизнис пакетот е проширена форма од основниот пакет и освен одржување на трансакциска сметка, користење дебитна картичка Visa Business, OBSGNet – електронско банкарство, можност за СМС известувања, вклучува и користење на кредитна картичка MasterCard business, за месечен надомест кој е исто така до 40% помал во однос на поединечното користење на сите овие производи.
Дополнителна поволност за корисниците на еден од „Б2Б“ Пакетите е можноста за промотивно користење на Лифт кредитот без провизија за одобрување, за сите апликации до 31.12.2019г.
Повеќе информации за „Б2Б“ Пакетите за правни лица може да дознаете на веб страницата на Банката, во мрежата на експозитури, како и на Контакт-центарот на Охридска банка на (02) 15 050.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА