Испливвуваат нови детали за конфликтот помеѓу тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо и фудбалерот Винисиус Жуниор.
Како што открива доверлив извор, Алонсо и Винисисус биле во конфликт обилно ова лето, за време на Светското клупско првенство. Чаби планирал да го остави Бразилецот на клупата за полуфиналето со ПСЖ, а на последниот тренинг исто така го одредил составот без него. Вини не успеал во тој момент да ги контролира своите емоции и имал голема караница со Алонсо.
Сепак, на крајот Винисиус бил стартер, но влезе во стартниот состав после повредата на Александар-Арнолд.
Од тогаш Бразилецот е во „црвена зона“ со Алонсо, а Шпанецот сака да му покаже дека мора неговите одлуки да се почитуваат. Винисиус избувна за време на Ел Класико, откако беше заменет, по што бурно реагираше.
Од друга страна, пак, стигнуваат информации дека Реал Мадрид му дал „одврзани раце“ на тренерот да одлучува околу Бразилецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

