Нови детали од обдукцијата на Марадона, семејството на фудбалската легенда повторно во солзи

Судењето во Буенос Аирес против обвинетите за смртта на Диего Армандо Марадона продолжи денеска со сведочење на медицинските вештаци кои го прегледале телото.

Тие утврдиле сериозни здравствени проблеми кај Марадона што морале да бидат забележани и третирани од медицинските лица, кои се обвинети за негрижа во последните денови од животот на легендата.

„Срцето на Марадона беше речиси двојно потешко во однос на нормалната тежина на срцето на човек на негова возраст. Исто така, имаше проблеми со белите дробови, вода му се собирала најмалку десет дена, тој сигурно минувал низ агонија поради ваквата состојба. Невозможно е лекарите да не ги забележале овие симптоми“, сведочеше форензичарот Маурисио Касинели.

Беа покажани нови фотографии од безживотното тело на екс-фудбалерот, по што членовите на неговото семејство повторно бурно реагираа, со солзи напуштајќи ја судницата.

Судењето би требало да трае до средината на јули, а на списокот на сведоци се наоѓа 192 лица. Обвинети се седум лекари и медицински работници на кои им се заканува вкупна затворска казна од 25 години.

Се вчитува...