Нови детали од предаторската ноќ на Алвес: Ме тераше да му викам дека сум негова к**ва

Бразилски фудбалер беше обвинет за силување во ноќен клуб во Барселона ноќта на 31. декември минатата година, а одвратните детали од споменатиот инцидент повторно почнаа да се шират во јавноста.

Дани Алвеш е во затвор од јануари годинава и за негова несреќа нема индиции дека наскоро би можел да биде ослободен.

„Тој беше зад мене, а братучед му беше напред. Се сеќавам дека тој потоа се повлече и ми гестикулираше да дојдам кај него. До последен момент мислев дека ќе разговарам со него и ќе видам што сака. Ништо друго. Отидов да разговарам со него и не знаев каде оди во тој момент. Ми го крена фустанот и ме натера да седнам на него. Се сеќавам дека му кажав дека не можам да го направам тоа, а потоа почна да ми кажува многу работи. Инсистираше да му кажам дека сум му ку*ва и од тој момент давав отпор“, изјавила жртвата, а пренесува шпанска „Марка“.

Се вчитува...