Нови детали од убиството во Атина: Отпечатоците на убиецот припаѓаат на грчки државјанин?

Навивач на АЕК го загуби животот во синоќешната масовна тепачка во Атина меѓу фановите на грчкиот тим и на хрватскиот шампион Динамо. Едно 29-годишно лице им подлегнало на повредите.

Полицијата веќе покрена истрага, а се земаат отпечатоци од прсти на сите Хрвати и Грци кои биле приведени како осомничени во тепачката. Грчката полиција наведува дека напаѓачот на смртно ранетиот навивач оставил отпечатоци, односно свој ДНК. Исто така се трага и по ножот со кој е сторено делото.

Според информациите од Атина, полицијата ги има отпечатоците од прстите и станува збор за грчки државјанин, пренесува „Нова ТВ“ од Атина.

За потсетување дека поради нередите, УЕФА го одложи натпреварот кој требаше да се одигра вечерва. Така првиот дуел ќе се игра во Загреб на 15. август, додека четири дена подоцна реваншот ќе се игра во Атина.

Се вчитува...