Англискиот фудбалски сојуз (ФА) го казни напаѓачот на Брентфорд, Ајван Тони со осум месеци забрана за играње, поради кршење на правилникот за обложување.
Тони во периодот од 2017 до 2021 година се обложувал дури 232 пати, а сега е објавено дека дури 13 пати се обложувал против својата екипа.
Поранешниот напаѓач на Њукасл се обложувал седум пати на пораз на својот тим, иако беше на позајмица во Виган и не играше за Њукасл.
„Од 29 обложувања, 13 биле дека екипата на Тони ќе загуби на 7 различни натпревари од 2017 до 2018 година, а господинот Тони не играл на ниту еден од тие натпревари. Од 13 обложувања, 11 биле против Њукасл додека тој бил на позајмица во друг клуб“, стои во соопштението.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

