Навивачите на Црвена Звезда синоќа направија вистински хаос предизвикувајќи големи тепачки во Белград. По прославата на 32. фудбалска титула, дојде до конфликт меѓу навивачите на Звезда и Партизан кој предизвика голема штета. Голем дел од учесниците во инцидентот се со сериозни повреди, а уапсени се и преку 130 лица.
Српските медиуми пренесуваат дека покрај масовната тепачка меѓу навивачите на двата ривала, „Делије“ нападнале и неколку полицајци во цивилна облека за кои мислеле дека се „Гробари“. Ситуацијата да биде уште поинтересна кога полицајците им се претставиле на навивачите на Звезда тие место да престанат почнале повеќе да ги тепаат.
Navijači Crvene zvezde potukli su se sa policijom u Beton hali u subotu uveče, tokom Zvezdine proslave titule. Snimak njihovog privođenja #delije #fkcrvenazvezda #titula #proslava pic.twitter.com/5wd7PvbXVe
— nova.rs (@novarsonline) May 22, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА