Нови детали за Златан: Мечот кога Ибрахимовиќ 90 минути ги навредувал соиграчите

Фудбалерот на Сан Хозе, Флоријан Џангвајрт откри дека не ден натпревар од МЛС лигата, Златан Ибрахимовиќ сите 90 минути ги навредувал соиграчите.

Флоријан на тој меч меѓу Сан Хозе и ЛА Галакси бил задолжен да го чува легендарниот Швеѓанец, и останал шокиран од тоа што го гледал и слушал.

„Тоа беше во 2018 година. Тоа беше наш прв меч против Златан. Човекот без да застане цели 90 минути ги навредуваше своите соиграчи. Мене ми беше смешно, но на сите фудбалери на Галакси очигледно не. Сите беа некако чудно исплашени. Во очи им се гледаше дека се плашат од него, а тој постојано ги навредуваше. Им се смеев затоа што сите изгледаа како некои дечиња покрај него“ – вели фудбалерот на Сан Хозе.

Неодамна и Лук Шо, фудбалерот на Јунајтед, откри дека Златан и во Манчестер знаел да биде груб и безобразен кон соиграчите, и на натпреварите и на тренинзите.

Се вчитува...