Нови докази околу падот на авионот на Сала!

Истрагата за смртта на Емилијано Сала денеска обелодени нови докази околу авионската несреќа, утврдувајќи дека во авионот пред уривањето имало огромно количество на јаглерод моноксид. Тестирањето врз мртвото тело на Сала дало изненадувачки резултати, покренувајќи нова низа на прашања околу смртта на фудбалерот.

„Пристигнаа резултатите од крвта на Сала, кои покажаа дека тој бил подложен на јаглерод моноксид. Изложеноста на овој гас влијае врз мозокот, срцето и нервниот систем, а сето тоа без сомнеж ја намалува и способноста на пилотот да управува со авионот“ – се вели во медицинскиот извештај објавен денеска.

Во него не се наведува дала Сала бил изложен на опасниот гас за време на летот и дали тоа е причина за неговата смрт, или пак до неа дошло по уривањето на авионот.

Емилијано Сала потпиша за Кардиф, по што неговиот авион исчезна од радарската контрола на 21 јануари, за време на летот од Нант до Кардиф. Нешто подоцна беа пронајдени делови од урнатиот авион, приватната потрага по телото на фудбалерот вроди со плод, а никогаш не беше пронајдено телото на пилотот Дејвид Иботсон.

Се вчитува...