Нови два гола за Дориев, најдобар стрелец во Узбекистан

Македонскиот интернационалец Љупчо Дориев, продолжува со одличната гол-форма во тимот на узбекистанска Согдиана, учествувајќи со два гола во победата над ОКМК со убедливи 4-1.

Дориев ги постигна првите два гола за својот тим, во 28. и 45. минута, за водство од 2-0 на полувремето.

Со овие два погодоци македонскиот крилен офанзивец стигна до бројката од 12 гола во првенството на Узбекистан, со што во моментов е и најдобар стрелец во лигата.. Има плус и пет асистенции досега во шампионатот.

Се вчитува...