Македонскиот фудбалски второлигаш Беласица ги официјализираше двајцата млади фудбалери Константино Горгиовски и Спаско Ахтаров.
Горгиовски настапува за младата репрезентација на Нов Зеланд, а Ахтаров е повратинк во тимот на ФК Беласица.
„Денес нашата екипа ги осигури потписите на двајца екстремно талентирани млади надежи. Станува збор за Горгиовски Константино – Алекс и Ахтаров Спаско, а и двајцата доаѓаат од ФК Македонија ЃП. Горгиовски е играч за врска, млад надежен фудбалер, кој е стандарден репрезентативец на селекцијата У17 на Нов Зеланд. Имено, нашиот талент во ноември ќе настапува со својата селекција на Светското Првенство до 17 години што ќе се оддржува во Индонезија. Ахтаров Спаско е повратникот во тимот на ФК Беласица. Спаско, кој е голман и стандарден репрезентативен на македонската селекција до 17 години, долго време беше дел од младинските категории на ФК Беласица, за да одреден период биде член на Македонија ЃП, а сега повторно да настапува за својот матичен клуб. Добредојдовте Константино и Спаско во плаво – белиот дрес!“, стои во соопштението од Беласица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА