Италијанскиот шампион Интер кој ја освои првата титула по 11 години има очајна финансиска ситуација. Финансиските проблеми на „нероаѕурите“ станаа очигледни во текот на летото, но сега тие се и официјализирани со објавувањето на финансиските извештаи за минатата година.
И покрај рекордните приходи од 373,3 милиони евра, Интер објави рекордна загуба во историјата на италијанскиот фудбал од 245,6 милиони евра. Овие бројки се додаваат на оние објавени во претходната сезона, кога загубите изнесуваа 102,4 милиони евра.
Сепак, без оглед на финансиските проблеми во клубот, Интер оваа сезона има одличен почеток, а во моментов тимот од Милано се наоѓа на третата позиција во Серија А со освоени 14 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА