Нови фудбалски лица во ФФМ: Артим Шаќири и Саше Милошевски нови координатори на младинските селекции

Техничкиот директор на младинските национални селекции во ФФМ, Ѓорѓи Христов денеска на брифинг со македонските медиуми информираше дека новото раководство на федерацијата продолжува со враќање на фудбалските лица во „Куќа на фудбалот“.

Во работата со младинските селекции се вклучуваат и поранешните македонски репрезентативци Артим Шаќири и Саше Милошевски кои се именувани за нови координатори на младински селекции кои ќе ги покриваат националните тимови од 14 до 19 години.

Исто така, во ФФМ се приклучуваат уште двајца поранешни репрезентативци, Никола Глигоров и Филип Ивановски како аналитичари на сите селекции

„Новитет е што во сите стручни штабови ќе има четири или пет тренери од различни делови од државата. Мора да бидат со тренерски кадар во националните тимови буквално сите региони од земјава за да се има комплетен увид во секое дете“ – истакна Христов.

Се вчитува...