На турнир во Холандија ќе се тестираат нови пет фудбалски правила. ФИФА одамна веќе се обидува да промени некои правила во фудбалот како би го направила поинтересен, па затоа на турнир во Холандија викендов ќе има шанса да проба некои свои идеи.
Еден од главните протагонисти за промена на фудбалот е францускиот стратег Арсен Венгер. На турнир на кој ќе играат АЗ Алкмар, ПСВ Ајндховен, Клуб Бриж и Лајпциг ќе бидат пробани нови пет правила.
Во текот на прекините времето ќе биде стопирано исто како што е во кошарката. Тренерите ќе може да прават летечки замени во неограничен број како во ракометот и хокејот. Што се однесува до јавните опомени, фудбалерот кој ќе добие жолт картон ќе мора да паузира пет минути. Топката од аут ќе се изведува со нога и фудбалерот кој ќе изведува слободен удар или корнер ќе може да тргне со топката во дриблинг и не мора да ја додаде на никого во текот на изведувањето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА