Нови главоболки за Алегри: Јувентус без Дибала за мечот со Виљареал во ЛШ?

Напаѓачот на „Старата Дама“, Пауло Дибала по се изгледа ќе го пропушти натпреварот меѓу Јувентус и Виљареал во рамките на осминафиналето од Лигата на шампионите што на програмата е утревечер. Аргентинецот заработи повреда на мускулот на натпреварот со Торино (1-1) и беше заменет во 54. минута, а прогнозите не се оптимистички.

Според новинарот Џанлука Ди Марцио, повредата не е премногу сериозна, но постои можност напаѓачот да не игра со Виљареал, затоa што треба да се опорави комплетно и лекарите не сакаат да ризикуваат со негово предвремено враќање на теренот.

Алегри на денешната прес-конференција обелодени дека дефанзивецот Леонардо Бонучи ги надминал проблемите со повредата, но дека утрешниот дуел ќе го почне од клупата за резерви.

 

Се вчитува...