Нови главоболки за Баерн: Гнабри пак се повреди

Баерн Минхен не може глава да крене од повреди сезоната. Само што се вратија Сане и Нојер, сега Томас Тухел се соочува со ново отсуство.

Серж Гнабри, кој беше стрелец на еден од двата гола на Баерн во Лондон против Арсенал, се повреди на вчерашниот меч на „Емирати“. Претходно крилниот фудбалер отсуствуваше од терените три месеци поради повреда.

Деталните прегледи ќе покажат колку ќе паузира Гнабри од терените, со надеж дека ќе биде подготвен за реваншот во Минхен. На Баерн само пехарот во ЛШ му остана надеж за трофеј во оваа сезона, која за нив е разочарувачка.

Се вчитува...